Exeed Exlantix E05 на Chery дебитира во Минхен

Exeed Exlantix E05 е нов електрифициран SUV со 1.5 турбо мотор и електромотор, минималистички ентериер со три екрани и LiDAR технологија

Кинескиот бренд Exeed, дел од концернот Chery, го претстави својот најнов модел – Exlantix E05, кој ќе има светска премиера на автомобилскиот саем во Минхен идниот месец. Новитетот ќе се нуди како range-extended SUV, што значи дека ќе комбинира 1.5-литарски турбо-бензинец со електромотор, со цел да обезбеди поголема автономија и практичност.

Chery Exeed Exlantis E05

Дизајн инспириран од европските конкуренти

Од предната страна, фаровите на Exlantix E05 потсетуваат на Porsche Macan, со поинтригантна LED графика и три дневни светла во секој блок. Главните светла се вертикално поставени покрај компактната маска, а SUV-то доаѓа и со LiDAR сензор на покривот, што упатува на напредни безбедносни и автономни технологии.

Задниот дел изгледа нешто побујно, со едноставни LED светла, но сепак го задржува современиот изглед. Според податоците од Кина, моделот е долг 4.780 mm, широк 1.890 mm, висок 1.725 mm и има меѓуоскино растојание од 2.800 mm.

Минималистички ентериер со многу екрани

Внатрешноста е дизајнирана во модерен и минималистички стил. Возачот располага со дигитална инструмент табла, додека на централната конзола доминира голем инфозабавен екран. Дополнително, пред совозачот е поставен уште еден широк дисплеј.

Меѓу другите практични детали се издвојуваат две безжични полначи за телефони, држачи за чаши и отворен простор за складирање под „floating“ централната конзола.

Chery Exeed Exlantis E05

Погон и перформанси

Регулаторните документи во Кина откриваат дека Exeed Exlantix E05 ќе користи 1.5-литарски турбо мотор со 154 КС (115 kW), комбиниран со електромотор. Засега не е објавена точната моќност на електричниот дел од погонот, ниту вкупната комбинирана сила, но очекувањата се дека SUV-то ќе понуди солидни перформанси и голем опсег на електрична возна автономија.

Chery Exeed Exlantis E05

Глобални амбиции

За разлика од некои други кинески SUV модели, E05 ќе биде достапен и на меѓународните пазари, со што Exeed сака да се позиционира како сериозен играч во премиум сегментот. Дебито во Европа преку Минхенскиот саем е јасен сигнал дека компанијата планира поагресивно присуство и на европскиот пазар.

Поврзани вести

Back to top button