Faraday Future со својот прв сериски модел
Faraday Future беше формирана во 2014 година за да создаде револуционерен електричен автомобил, кој може да биде напојуван согласно Законот за индукција на Фарадеј
Досега беа претставени две концептни верзии – FF Zero1 во 2016 година и FF91 една година подоцна.
Сега американската компанија тврди дека конечно е подготвена да го започне претпроизводството на FF91. За оваа цел, компанијата, исто така, објави видео од фабриката, односно супер изведбата ќе се составува во погоните во Hanford, во Калифорнија. Фабриката досега припаѓаше на Pirelli, а сега е дадена под наем за правење на FF91. Се очекува во неа да работат 1.300 работници во три смени.
FF91 е електричен автомобил кој со едно полнење на батериите ќе минува 482 километри. Електромобилот располага со моќност од 1.050 коњски сили и забрзува од место до 100 km/h за 2,39 секунди. Во почетокот на 2017 година компанијата сподели дека имаше над 60.000 резервации за моделот само за неколку недели.