fbpx

FCA и PSA продолжуваат со заедничките комерцијални возила

Автомобилските гиганти FCA (Fiat Chrysler Automobiles) и Groupe PSA објавија дека двете групации имаат потпишано договор кој ја продолжува нивната заедничка активност во областа на комерцијални возила до 2023 година

По 40 години заедничка активност, FCA и PSA ќе продолжат да произведуваат заедно Fiat Ducato, Peugeot Boxer и Citroën Jumper, како и дополнителните опции наменети за марките Opel и Vauxhall. За да одговорат на очекуваното зголемување на побарувачката за нив, двете компании се одлучиле за зголемување на капацитетот на објектите во комплексот Sevel уште оваа година, со додавање на дополнителни работни смени.

Од FCA и PSA исто така велат дека, договорот предвидува можност за преземање на дел од производствените потреби за некои од најголемите ванови на Peugeot, Citroën, Opel и Vauxhall, од страна на Groupe PSA.

FCA и PSA

Поврзани вести

Back to top button