fbpx

FCA сака да почне со производство, вонредните мерки прават проблем

FCA групацијата сакаше да започне со производство следната недела во три свои фабрики во Италија, но тоа би можело да биде спречено поради продолжување на мерките

Италија до 3. април забрани меѓуградски патувања во земјата и издаде наредба да се запрат сите активности кои не се од есенцијално значење, вклучително и автомобилската индустрија. Секако, сето тоа е за цел да се совлада пандемијата на коронавирусот и да се стави под контрола, со оглед на тоа дека досега однесе 11.000 животи во оваа земја.

FCA ги информираше своите синдикати минатата недела дека е подготвен да започне со дел од операциите на 6. април, доколку властите дадат дозвола за такво нешто, изјави Џанлука Фико од UILM синдикатот. Локациите за кои станува збор се наоѓаат во Мелфи, во јужниот дел на Италија, каде се произведува Jeep Compass, потоа Атеса во централниот дел на земјата, каде се произведуваат комерцијалните возила и Мирафјори во Торино, предвиден за подготовка на производство на новиот Fiat 500e.

Меѓутоа, Фико изјави дека не знае дали владата ќе дозволи активности кои не се од есенцијално значење следната недела, со мислење дека е многу веројатно Рим да ја продолжи забраната. И покрај надевањата на италијанските официјални лица дека трендот на намалување на бројот на заболени лица ќе продолжи, се зголеми веројатноста дека рестрикциите ќе бидат официјално продолжени.

Плановите на FCA се расипаа

Во неделата, министерот за регионални работи, Франчесто Боча, изјави дека владата „неминовно“ ќе ги продолжи мерките за изолација и по 3. април. Италијанските медиуми известија дека продолжуваето ќе трае дополнителни две недели, до 18 април. Портпаролот на FCA потврди дека засега планот е производството во три објекти да се продолжи следната недела.

Ferrari и FCA

Џанлука Фико додаде дека во секој случај, кога работата повторно ќе започне, италијанската групација ќе мора да обезбеди да бидат задоволени најстрогите здравствени и безбедносни услови во сите фабрики. Производителот на луксузни суперспортски автомобили, Ferrari, кој како и FCA ги контролира инвестициската фирма Exor, во петокот соопшти дека на 14 април повторно ќе започне со работа во две италијански фабрики, доколку снабдуваето биде соодветно. Exor минатата недела издаде соопштение дека актуелното планирано запирање би можело да се продолжи привремено.

Поврзани вести

Back to top button