fbpx

FCA „скратува“ некои модели во Европа?!

Шефот на FCA, Серџо Маркионе, ќе објави во почетокот на следниот месец, дека претстои „радикална трансформација на производството во Италија"

Ова го соопшти агенцијата Bloomberg, која потенцира дека суштината на новата стратегија на FCA е во откажување од производство на некои буџетски модели или скратување на нивниот понатамошен пласман на пазарите на Стариот континент за сметка на проширувањето на склопувањето на поскапите модели. Така, Fiat може да остави само две моделски семејства во производството во Европа – моделот 500 и Panda.

Луксузните марки на концернот нема да бидат погодени од реформата, туку ќе добијат дополнителни средства за зголемување на производството. Фабриката во Торино ќе престане и со производството на хечбекот на Alfa Romeo, моделот MiTo и ќе почне со составување на вториот кросовер од марката Maserati. Во минатата година на Стариот континент биле реализирани само 11.367 од MiTo, што е антирекорд за целата историја на неговото производство.

FCA

Производството на субкомпактната Panda пак ќе биде пренесено целосно во Полска, а во погоните на фабриката во Помилијано-д`Арко, каде се прави сега, ќе започне производството на новиот бејби-Jeep. Маркионе ќе наполни на 17-ти јуни 66 години и се очекува следната година да се пензионира и затоа сега подготвува цврсти позиции за концернот по своето заминување.

Според инсајдерски информации, топ-шефот не гледа иднина во производството на „народни“ автомобили, туку е уверен дека може да го зголеми профитот двојно, користејки го пазарниот потенцијал на брендот Jeep.

FCA

Поврзани вести

Back to top button