fbpx

Ferrari го претстави специјалниот BR20

Компанијата Ferrari се пофали со својата најнова специјална креација наречена BR20 и е базирана на GTC4 Lusso

Италијанскиот производител Ferrari го претстави својата најнова Special Projects креација, а како и голем дел од неговите претходници, BR20 е базиран на модерен автомобил, но со акценти кои потсетуваат на богата историја на Маранело.

Во конкретниот случај, „донаторскиот“ модел е GTC4 Lusso, моделот со четири седишта и V12 мотор и необичен заден дел кој од неодамна повеќе не се произведува. Но, за BR20, дизајнерскиот тим на Ferrari реши да ја редизајнира shooting brake задницата со нов fastback заден дел инспириран од автомобилите како 410 Superamericana и 500 Superfast, исклучително моќни GT модели на Ferrari од крајот на 50-тите и почетокот на 60-тите години на минатиот век.

Ferrari BR20

За разлика од уникатниот SP12 EC кој беше нарачан од страна на Ерик Клептон, ретро влијанието кај BR20 е многу посуптилно. Лесно може да помине како некој модерен Ferrari продукцуски модел, а автомобилот дефинитивно може да се окарактеризира како еден од најубавите модели со предно поставен мотор на компанијата.

Прекрасен ретро инспириран дизајн

Во споредба со GTC4 Lusso, BR20 добива помали фарови кои не се протегаат до крилата, широки отвори за воздух и технки LED дневни светла. Тука е и необичниот дизајн на праговите, благодарение на кој целиот автомобил добива необичен органски изглед кога ќе се погледне од страна.

Сепак, најголемите промени се позади, каде новата опаѓачка „опашка“ која потсетува на силуетите на раните GT модели на Ferrari, а исто така добива и изглед на некои понови машини како 599 GTB. Доколку не сте фанови на квадратните светла вградени кај новите модели на Ferrari како 296 GTB и SF90, тогаш сигурно ќе се заљубите во кружните светла поставени кај BR20. Дизајнот е финиширан со сет од 20-инчни тркала креирани специјално за овој проект.

Ентериерот на BR20 првично делува дека добива неколку промени, а не само елегантен темен кожен трим. На задниот дел ги нема седиштата и тие се заменети со багажен простор финиширан во кожа, дрво и карбон. Нема никакви информации за механички промени, па се претпоставува дека овој уникатен модел го задржува истиот V12 мотор со 681 КС и погон на сите четири тркала како и стандардниот GTC4 Lusso.

Поврзани вести

Back to top button