fbpx

Ferrari ја најави специјалната верзија на 812

Италијанскиот производител Ferrari ги објави првите официјални фотографии од специјалната верзија на 812 Superfast моделот во пресрет на целосната премиера

Ferrari 812 Superfast добива своја Limited Edition верзија, чија комплетна премиера е закажана за 5 мај, а во меѓувреме производителот од Маранело ги објави првите фотографии. Името на новата верзија на 812 Superfast исто така ќе биде откриена за време на премиерата, за време на специјалниот дигитален настан.

Ferrari 812

Новиот Ferrari се напојува со најновата еволуција на нивниот природно аспириран V12 мотор, кој испорачува 829 КС, со што е најмоќниот агрегат за автомобил легален за патиштата кој овој производител некогаш го понудил. Освен тоа, овој „ѕверски“ мотор може да достигне до речиси неверојатни 9.500 вртежи во минута, најмногу кај некој Ferrari некогаш произведен.

Природно аспирираниот V12 мотор на 812 е унапреден од „обичниот“ Ferrari 812 Superfast со голем број редизајнирани компоненти, како и нов тајминг механизам на вентилите и нов издувен систем со квадратни завршетоци, со цел да понуди ненадминливи перформанси во V12 сегментот.

Ferrari 812

Унапредена шасија и нова изработка на каросеријата

Како што е вообичаено за Ferrari, шасијата исто така е темелно унапредена за подобро управување и уште повозбудливо искуство зад управувачот. Иако Ferrari не откри детали околу ревизијата, велат дека успеале да вградат „независно управување на сите четири тркала“, со што се уште неименуваната специјална верзија на 812 да делува уште поагилно попрецизно при свиоците. Новиот модел на Ferrari исто така ќе пристигне и со новата, 7.0 верзија на Side Slipe Control системот за динамика на возилото.

Една од највпечатливите работи кај овој нов 812 е речиси комплетната нова изработка на карсеријата, која е оформена преку „длабинско аеродинамично истражување“ во блиска синергија со Ferrari Styling Center. Редизајнот на каросеријата е поттикнато од желбата на Ferrari да ги максимизира нивоата на потисна сила, а тоа вклучува нови предни отвори за воздух, голем заден дифузер, како и патентиран дизајн на задниот прозорец, каде наместо стакло сега се наоѓа единечната алуминиумска структура и се одликува со вортекс генератори. Благодарение на обилното користење на лесни материјали, како карбон, Ferrari го направи својот нов модел полесен од 812 Superfast.

Ентериерот на новата ограничена верзија на 812 ја задржува главната контролна табла на „обичниот“ Superfast, no пристигнува со редизајнирани панели на вратите за помала тежина и го претставува најновиот селектор на брзини, кој дебитираше со новата Roma.

Поврзани вести

Back to top button