Ferrari нема да произведува електричен суперавтомобил
Италијанскиот производител Ferrari не сака да започне со производство на електричен суперавтомобил се додека технологијата не биде на задоволувачкото ниво
Кога Ferrari го претстави SF90 Stradale, својот најмоќен сериски автомобил досега, направи и промена во насоката на италијанскиот бренд и неговите идни производи. SF90 Stradale е првиот plug-in хибриден модел од Маранело. Но, тоа не му сметаше да ги генерира големиот број на позитивни реакции од страна на купувачите и обожавателите.
Со првиот контингент кој пристигнува до гордите сопственици до лето оваа година, јасно е дека Ferrari презема сериозни чекори кон електрификацијата. Прашање е колку далеку се подготвени Италијанците да одат за кратко време. Сето тоа додека во исто време територијата на електрични автомобили забрзано станува арена за производителите на супер и хиперавтомобили.
Шефот на маркетинг во Ferrari, Енрико Галиера, изјави дека засега нема дефинитивни планови за чисто електричен модел. Поради тоа, не треба да се очекува таков примерок најмалку во следните пет години. Во суштина, тоа е во согласност со поднесувањето на молбата за заштита на патентот и шпекулациите кои се јавуваат околу електричниот Ferrari.
„Постојат некои конкуренти кои влегуваат на пазарот со новата технологија. Ние го следиме ова, но дали тоа ќе претставува проблем за Ferrari? Мислам дека не, првенствено од причината за специфичноста кон која Ferrari цели“, изјави Галиера. Тој додаде дека технологијата на батерии не е доволно развиена за да ги задоволи потребите на суперавтомобилите, неврзано за Ferrari. Тоа не е нешто што го отфрла во целост. Сепак, зависи од тоа до која мерка на италијанскиот производител ќе му биде овозможено да произведе нешто што и понатаму 100 проценти ќе биде составено од ДНК-та на Ferrari.
„Штом технологијата на електрификација се развие во доволна мерка, тоа ќе ни овозможи да произведеме автомобил кој ќе биде во согласност со нашата позиција. Меѓутоа, клучот лежи во технологијата. Ние нема да направиме електричен Ferrari од сама причина колку да имаме таков модел во гамата. Ако воведеме нова технологија, тогаш треба да донесеме нешто ново на пазарот. На тој начин Ferrari секогаш функционирал кога станува збор за технологијата. Тој вид на еволуција е 100 проценти во нашата ДНК“, заклучи Галиера.
Ваквиот став на италијанската компанија треба да се разбере и почитува. Очигледно е дека не сакаат да си дозволат да направат „кикс“ веќе при првиот обид со електрично возило.