Ferrari Roma, новиот симбол на Dolce Vita низ улиците на Вечниот град
Ferrari објави ново видео за својот најнов модел Roma, кој во Италија сосема оправдано го доби називот „Formula 1 болид во елегантно издание“
Ferrari Roma дава нов осврт на култниот слоган на Рим, Dolce Vita, a во новото видео објавено од страна на Ferrari може да се забележи новиот суперавтомобил како плени со својата елеганција низ улиците на италијанската престолнина, евоцирајќи ги со своето име шармот и уметноста на Вечниот град.