Семејниот ден на Ferrari заврши со рекорден број посетители
Традиционалната средба на вработените од Ferrari додаде дополнителна вредност во овогодинешното издание
Во година во која легендарната марка ja одбележува својата 70-та годишнина, во комплексот на компанијата се собраа рекордни 18.000 луѓе.
Организаторите на семејниот настан на Ferrari, како и посетителите, беа почестени и од посетата на Серџо Маркионе – претседател и извршен директор на компанијата. Посетителите имаа можност да се запознаат со производствеиниот процес на Ferrari, да посетат тест зони, да го разгледаат одделот за класични автомобили Ferrari Classiche, како и ултрамодерниот GES Racing Division каде е позиционирана екипата на Scuderia Ferrari Formula 1.
Посебно внимание е посветено на најновиот производ – Ferrari Portofino, кој пред неколку дена дебитираше на меѓународната изложба во Франкфурт. Автомобилот е со основни димензии должина 4.586, ширина 1.938 и висина од 1.318 mm, а погонот му е доверен на V8 мотор 3.8 литарски, кој е во состојба да генерира максимална моќност од 600 коњски сили и вртежен момент од 760 Nm.