fbpx

Ferrari SF90 Stradale доби уште подобри перформанси од Novitec

Германската тјунинг компанија Novitec, која е позната по својот суптилен, но сепак значителен тјуниг стил, подготви ново унапредување за Ferrari SF90 Stradale

Хибридниот суперавтомобил на Ferrari, моделот SF90 Stradale, е исклучително моќен, но тјунинг куќата Novitec одлучи да подготви нов сет на унапредувања за овој модел. Не дека такво нешто е потребно, но сепак дополнителна моќност секогаш е добредојдена за ентузијастите.

Со оглед на ова, Novitec се насочи кон дополнително оптимизирање на перформансите на битурбо V8 моторот, додавајќи му високоперформансен издувен систем и метален катализатор. Ова унапредување ја зголемува вкупната системска моќност на 1033 КС, додека максималниот вртежен момент се искачува на 858 Nm максимален вртежен момент.

За споредба, „обичниот“ Ferrari SF90 Stradale испорачува 986 КС и 800 Nm максимален вртежен момент благодарение на V8 моторот и трите електромотори.

Внатрешноста, велат од Novitec, може да се адаптира според барањата на клиентите, иако фотографиите кои ги прикажа тјунерот не откриваат пример за тоа. Визуелно, тешко е да се забележи што Novitec има унапредено на овој Ferrari SF90 Stradale примерок кога станува збор за екстериерот. Но, компанијата вели дека аеродинамичките засилувања се уште се во развој, па овие унапредувања би требало да бидат откриени во следниот период.

Novitec SF90

Но, во секој случај Novitec му даде на SF90 неколку визуелни и управувачки унапредувања со 20 и 21-инчни тркала, како и спортски опруги. Тркалата доаѓаат во повеќе нијанси и дизајни, додека на конкретниот примерок се поставени ZV фелни со бронзен финиш.

Поврзани вести

Back to top button