fbpx

Дури 350 коњски сили за FIAT 500

FIAT 500 не е особено практичен автомобил, но секогаш може да се претвори во одлична основа за возбудлив тјунинг проект

FIAT 500 не е особено практичен автомобил, но секогаш може да се претвори во одлична основа за возбудлив тјунинг проект. Во овој случај заборавете на фабричните напори на Abarth, овде станува збор за навистина голема моќност.

FIAT 500

Во оваа насока како успешен обид можеме да го посочиме Pogea Racing, кој обезбеди за малечкиот, моделот 500 -405 КС. Сега тој пат го презема и верзијата 500 Giannini, која дебитира на саемот во Торино. Прво сериозно е променет дизајнот на екстериерот, нови панели од фиброкарбон, кои обезбедуваат доста широки браници, нов всмукувач на воздух, а импресивниот отвор во хаубата обезбедува поглед на амортизацијата Ohlins.

За погонот на 500 Giannini се грижи 1.75- литарски, 4- цилиндерски турбо мотор, преземен директно од Alfa Romeo 4C.

Моторот е сместен одзади и има моќност од 350 КС, а ги придвижува задните тркала. Секако, промени претрпеле и сопирачките, кои веќе се опремени со перфорирани дискови и 6-клипни сопирачки апарати. Плановите се производствена серија од 100 автомобили, а секоја од нив ќе чини околу 150.000 евра, во зависност од желбите на поединецот клиент за индивидуализација на машината.

Поврзани вести

Back to top button