fbpx

Fiat 500 Cabrio Dolcevita пристигна во Скопје

Со освежувањето на поставата на 500, компанијата Fiat го воведе и новото ниво на опременост Dolcevita кое е ексклузивно за малиот автомобил

Новото Dolcevita ниво на опременост на Fiat e ексклузивно за малиот 500 и оддава почит на економскиот бум во Италија кон крајот на 50-тите и почетокот на 60-тите години на минатиот век. Сега, во салонот на Fiat во Скопје пристигна 500 Cabrio Dolcevita, кој се одликува со својот гламурозен стил и фини естетски детали. Со кабрио изведбата на Dolcevita, Fiat 500 ја зацврстува својата позиција како иконски автомобил, а притоа е збогатен со нова технологија.

Оваа нова верзија на Fiat 500 која пристигна со освежувањето за 2021 година се одликува со богата опременост кога станува збор за стилот, технологијата, но и безбедноста. Новата контролна табла е во боја на каросеријата, додека на екстериерот се додадени хромирани детали на рачките од вратите, предниот браник и задната врата. Како дел од опремата пристигнуваат и 15-инчните тркала од лесна легура, стаклениот покрив кај хечбек верзија, а каросеријата е двобојна со комбинација на Gelato и Lunare боите, заедно со беџот Dolcevita.

Покрај Dolcevita, тука се уште и Cult, Connect и Sport

Како што веќе истакнавме, Fiat ја освежи гамата на 500, а покрај Dolcevita, пристигнуваат и Cult, Connect и Sport верзиите кои се одликуваат со нови бои и нови ентериери. Понудата започнува со верзијата Cult која се одликува со стил и едноставност, но е финиширан во новата Perbene Grey и Vesuvius Black двобојна „униформа“, додека Connect опцијата пристигнува со 7-инчен Uconnect инфозабавен систем со DAB радио, Apple CarPlay и Android Auto, заедно со темпомат, спортски управувач.

Fiat Dolcevita

На врвот на понудата е верзијата Sport, која доаѓа со уникатен изглед со поагресивни детали. Fiat 500 Sport се одликува со специфични браници, прагови, заден спојлер и 16-инчни тркала и новата титаниумска централна конзола.

На македонскиот пазар новата гама Fiat 500 доаѓа во понуда со бензинскиот мотор 1.2 69 КС Euro 6D и хибридениот погон со блага-хибридна технологија 1.0 70 КС Euro 6D. За повеќе информации за новата гама Fiat 500 посетете ја официјалната страна www.fiat.mk или овластената продажна мрежа на Fiat во Македонија.

Поврзани вести

Back to top button