Fiat 500 нема да се продава во Америка
Италијанскиот производител Fiat изјави дека во понуда за Северна Америка повеќе нема да бидат моделите 500, Abarth верзијата како и електричната верзија 500e
Од компанијата изјавија дека автомобилите ќе се продаваат се додека има залиха, но нема да продолжи со понатамошно производтсво. Ова е резултат на падот на продажбата од година во година. Во 2018 година произведувачот бележи продажба на 5.370 возила, додека во првата половина од 2019 година таа бројка достигна 1.692 продадени возила.
Fiat 500 за американскиот пазар доаѓа со 1.4 литарски бензински MultiAir мотор со 135 коњски сили, со 5 брзински мануелен или 6 степен автоматски менувач. Во понуда беше и Abarth верзијата која има ист мотор но 160 коњски сили и електричниот 500e 111 коњски сили, со капацитет на батерија од 24 kWh кој обезбедува автономија на возење од околу 135 километри според EPA стандардите.