fbpx

FCA ќе обновува стари модели од Fiat, Alfa Romeo, Lancia и Abarth

Fiat Chrysler Automobiles ја започна својата нова програма за обновување на ретро автомобили

Таа го носи името Reloaded by Creators и цели да ги врати во живот некои од најзначајните модели на Fiat, Alfa Romeo, Lancia и Abarth од минатото. Специјалисти ќе најдат добри автомобили и ќе ги купат за реставрација. Потоа, тие ќе бидат продавани, со парите ќе се инвестира во наоѓање на нови примероци. FCA вели дека дел од автомобилите ќе бидат продадени на приватни колекционери, а друг дел ќе биде резервирана за колекцијата на самиот производител.

Abarth

Lancia Appia

Првите пет автомобили, обновени по програмата и понудени на клиентите, се Alfa Spider IV (1991), Lancia Fulvia Coupé Montecarlo (1973), Spidereuropa Pininfarina (1981), Alfa Romeo SZ (1989) и Lancia Appia Coupé (1959). Во моментов сите се изложени на ретро салонот во Париз, каде што можат да бидат добиени детали за нивно купување.

Abarth

Поврзани вести

Back to top button