fbpx

Fiat Chrysler Automobiles нуди спојување со Groupe Renault

Од FCA коментираат дека вкупниот бизнис би се контролирал подеднакво од акционерите на Fiat Chrysler Automobiles и Groupe Renault, и би се претворил во трета најголема автомобилска сила

Fiat Chrysler Automobiles (FCA) објави дека компанијата има пратено писмо до бордот на гигантот Groupe Renault во кое нуди спојување на соодветните бизниси и обединување (50/50).
Од FCA коментираат дека вкупниот бизнис би се контролирал подеднакво од акционерите на Fiat Chrysler Automobiles и Groupe Renault, и би се претворил во трета најголема автомобилска сила на глобално ниво со вкупна годишна реализација од 8,7 милиони автомобили и силни пазарни позиции во клучни региони и автомобилски сегменти.

Од петок вкупната пресметана вредност на двете копании, по исплата на специјалните дивиденди на акционерите на FCA од 2,5 милијарди евра, е 32,6 милијарди евра!

Вкупната бизнис иницијатива би располагала со полно и комплементарно брендирано портфолио со целосно покритие: од луксузни до масовни предлози, а од FCA не предвидуваат затворање на производствени капацитети во резултат на здружувањето.

Денес од страна на одборот на директори на Groupe Renault е разгледувањето на предлогот.

Поврзани вести

Back to top button