Fiat Chrysler се уште преговара со Hyundai!?
Концернот Fiat Chrysler Automobiles (FCA) и Hyundai Motor преговараат, но тие се за техничка соработка, а не за евентуално спојување
Ова го изјави извршниот директор на FCA, Серџо Марконе, цитиран од Aitomotive News.
Претходно оваа година се појави шпекулација дека има интерес за купување на италијанско-американскиот производител од страна на кинескиот Great Wall, а потоа дека со слични идеи е и корејскиот Hyundai Motor.
– Во моментов купуваме компоненти од Hyundai Motor, но би скалае да ја прошириме нашата соработка на полето на трансмисиите и водородните технологии. Но, преговорите се во тек, ништо не е договорено, одговори Маркионе, на новинарско прашање дали ова не е чекор кон идното спојување на двете компании. – Ниту во еден момент не стана збор за купување или нешто слично, беше категоричен шефот на FCA.
Не е никаква тајна дека врвниот менаџер постојано апелира на повторно обединување на големите компании. Но, исто така тој смета дека гигантите едноставно мора да се надополнуваат, особено на технолошки план. Евентуалното стекнување на водород технологија ќе овозможи FCA да биде конкурентна во сфеерата на постојано проширување на електричниот погон.
Маркионе додаде дека во моментов работи на новиот бизнис план на FCA. Тој е за следните 4 години и ќе биде објавен во пролетта 2018. Alfa Romeo ќе има главна улога во него, a првиот чекор што ќе го преземе е враќањето на компанијата во Formula 1. Во меѓувреме, Magneti Marelli, ќе бара решение за загубите, па развива разни компоненти за автомобилската индустрија. Не се исклучува можноста компанијата да се продаде, при што средствата ќе се инвестираат во компанија за роботика и вештачка интелигенција – Comau.