fbpx

Fiat до 2030 станува целосно електричен бренд

Ерата на електрификацијата доаѓа, а Fiat е последниот производител во низата кој најави целосно насочување кон алтернативниот погон

Пред само околу една година Fiat го претстави новиот, целосно електричен 500e модел. Извршниот директор на Fiat. Оливие Франсоа веќе потврди дека ќе пристигнува помоќна електрифицирана Abarth верзија, но сега пристигнуваат и најновите потврди дека многу поголема електрификација ќе ја зафати поставата на италијанскиот производител. Всушност, италијанската компанија планира да стане целосно електрична до крајот на оваа деценија.

Fiat

Ова се зборови директно од Франсоа во новото соопштение од матичната компанија на Fiat, Stellantis. Соопштението е поврзано со состанокот кој Франсоа го имал со прославениот архитект Стефано Боери. Двајцата разговарале дека се потребни итни промени во урбаните пејзажи, за кои Боери истакнал дека се одговорни за 70 проценти од глобалните CО2 емисии. Самото соопштение пристигна на само еден ден пред Светскиот ден на околината.

„Наша должност е да донесеме на пазарот електрични автомобили кои не би чинеле повеќе од оние со мотор на внатрешно согорување, и тоа што е можно побрзо, во согласност со опаѓачките цени на батериите. Ја истражуваме територијата на одржливата мобилност за сите: ова е нашиот најголем проект. Меѓу 2025 и 2030, нашата производствена постава ќе стане целосно електрична. Тоа ќе биде радикална промена за Fiat“.

Покрај ова, Франсоа исто така истакна дека познатата тркачка патека на покривот на старата Lingotto фабрика на Fiat наскоро исто така ќе биде трансформирана.

„Во меѓувреме, во блиска иднина, само неколку месеци од сега, горд сум што ќе можеме да ја видиме конверзијата на легендарната патека на покривот на поранешната Lingotto фабрика во Торино во најголемите лебдечки градини во Европа и ќе биде дом на повеќе од 28.000 растенија. Голем, значаен и одржлив проект, со цел да се ревитализира градот Торино, нашиот дом“, изјави Франсоа.

 

Поврзани вести

Back to top button