fbpx

Fiat ќе ги електрифицира популарните европски модели

Откако Fiat 500 ќе биде лансиран во целосно електрично издание, италијанскиот производител најави и целосно електрична верзија на Fiat Panda од 2023 година

Според информациите од британската публикација Autocar, состанокот на високи менаџери во центарто за дизајн во Торино во Јули, се решавало за новата стратегија на компанијата во Европа. Главниот извршен директор на Fiat, Оливиер Франсоа изјавил:„Нема да има големи автомобили, премиум автомобили, спортски автомобили, бидејќи тие немаат легитимност. Потребни ни се повеќе електрични возила“.

На Саемот за автомобили во Женева, Fiat ни даде преглед на електричната Panda и концептниот Centoventi. Франсоа рече дека изгледот на следната генерација на Panda ќе се држи во тајност се до официјалното претставување во 2021 година, а електричната верзија ќе следи две години подоцна, односно во 2023 година.

За да ја задржи почетната цена на ниско ниво, Fiat се потпира на модуларен концепт на батерии каде што клиентите можат да ја продолжат основната батерија со модули за додаток по желба. За ова, Франсоа вели: „Има многу трошоци за сместување на батеријата, така што ќе користиме модуларна батерија со опсег од 100 километри, која може да се надогради со изнајмување, купување или лизинг.“

Поврзани вести

Back to top button