fbpx

Fiat ќе лансира два целосно нови ЕВ во 2023

Stellantis ќе ја освежи поставата на Fiat со два сосема нови целосно електрични автомобили кои треба да излезат подоцна оваа година

Гамата на Fiat во моментов е целосно електрифицирана, но сепак истата моментално вклучува само еден единствен целосно електричен автомобил, а тоа е 500e, со оглед на тоа дека сите други модели се „само“ хибриди. Сепак, сето ова ќе се промени уште оваа година бидејќи италијанската марка го потврди лансирањето на два целосно нови електрични возила во втората половина на 2023 година.

Објавата беше вклучена во презентацијата на Stellantis за целогодишните финансиски резултати за 2022 година. Иако презентацијата не даде никакви детали за каросеријата на електричните возила, претходните коментари дадени од извршниот директор на Fiat, Оливие Франсоа, како и различни извештаи од европските медиуми, нудат повеќе информации за претстојните лансирања.

Минатата година, извршниот директор на Fiat потврди четири додатоци за електрични возила до 2027 година, вклучувајќи супермини и три кросовери. Првиот ќе биде наследник на Fiat Punto и е едно од двете лансирања што се очекуваат во 2023 година. Сè уште неименуваниот модел ќе биде поставен над 500e во палетата на Fiat и ќе ја сподели својата основа со веќе достапните Peugeot 208 и Opel Corsa, како и со следната генерација на Citroen C3 и претстојната Lancia Ypsilon. Како и со гореспоменатите модели, Fiat наводно ќе понуди и електричен и благ хибриден погонски агрегат за својот нов мал хечбек.

Второто лансирање на електричен автомобил што се очекува за 2023 година е Fiаt 600 за кој долго време се шпекулира. Се очекува Fiat 600 да биде тесно поврзан со Jeep Avenger и ќе се произведува во истата фабрика во Тихи, Полска, a ќе биде понуден во форми на ЕВ и со мотор со внатрешно согорување. Важно е да се напомене дека ова е различен модел од следната генерација на Fiat 500X за кој се шпекулира дека ќе биде со поголеми димензии во однос на актуелниот модел.

 

Поврзани вести

Back to top button