FIAT размислува за напуштање на Италија
На прв поглед слично тврдење изгледа апсурдно, но да не заборавиме дека веќе извесно време централата на FCA е во Амстердам, а производствените капацитети на FIAT во Италија се сериозно застарени
FIAT Chrysler Automobiles (FCA) веќе ги ревидира плановите за нови инвестиции во Италија, откако земјата го усвои новиот, повисок данок за автомобилите со големи бензински и дизел мотори, а оваа информација беше прогласена од главниот извршен директор на FCA Мајк Манли на салонот во Детроит.
На крајот на ноември FCA објави дека планира да инвестира над 5 милијарди евра во текот на следните три години, а парите треба да одат за создавање на нови модели на FIAT, нови мотори и модернизирање на фабриките, како и вработување на повеќе работници.
Во декември, сепак италијанскиот парламент гласаше субвенции до 6000 евра за секој нов автомобил, со цел да ги мотивира жителите за електрични и хибриди, а воедно усвои нов данок за новите автомобили со големи мотори. „Тоа значи дека треба да ги разгледаме инвестициските планови, но во моментов не можам да коментирам повеќе на оваа тема“, објасни Манли.
Плановите за инвестиции во Италија се дел од стратегијата, претставена од покојниот шеф на FCA Серџо Маркионе во јуни минатата година. Тогаш тој изјави дека претстои сериозна реконструкција на италијанските фабрики на компанијата, кои ќе произведуваат главно посериозни добивки за моделите на Alfa Romeo, Jeep и Maserati. Во планот се најде место и за идни електрични модели и хибриди.
Манли сепак објасни дека овие планови имаат претрпено и други удари – воведување на царини од администрацијата на претседателот Трамп врз увозот на челик и алуминиум, кои ќе ги зголемат трошоците на FCA во 2019. Минатата година FCA ја продаде најголемата компанија за автомобилски делови – Magneti Marelli по што произлегоа првите гласини дека на крајот FIAT исто така ќе треба да излезе од Италија и ќе произведува автомобили на друго место, главно во Турција и Јужна Америка.