Fisker патентира батерија која се напојува за една минута
Хенрик Фискер не постигна никаков посебен успех со своите електрични автомобили, но новата технологија патентирана од неговата компанија може да го промени тоа, но и светот на електромобилите
Fisker најавува во блиска иднина производство на батерии со цврста состојба кои се полнат за само 1 минута и ќе обезбедуваат автономија од 800 километри. Новите батерии, кои ќе бидат прикажани на CES Consumer Electronics Show во Лас Вегас во јануари, ја надминуваат енергетската густина на јон-литиумските батерии за 2,5 пати и функционираат многу подобро на температури под нулата. Fisker тврди дека сериското производство може да започне во 2023 година. Сепак, цената на таквите батерии ќе биде 30% повисока од онаа на конвенционалните за електрични возила.
Во меѓувреме, Хенрик Фискер не се откажа од развојот на пристоен конкурент на Tesla Model S. Електричното возило EMotion, опремено со LG Chem батерии, ќе може да мине 640 километри. Неговата батерија се полни за 9 минути, со кои ќе може да се минат 200 километри.