Ford подготвува автономни технологии за off-road моделите
Ford развива и тестира технологии за автономно возење надвор од асфалтот
Засега системот е релативно примитивен, но претстои постојано негово надградување и доразвивање.
Во моментов Ford ги опреми тест прототипите за проектот со процесор кој користи претходно нацртана информативна мапа за трасата, што треба да биде помината. Според пречките, автомобилот ќе ја прилагоди висината на самата суспензија и со тоа клиренсот. Позитивен е факторот дека во пракса системот нема да дозволи преземање на ризик – ако сензорите регистрираат премногу голема потешкотија за движење, возилото автоматски нема да продолжи. Уште поинтересен е моментот во кој возилото ќе ги предупреди патниците дека нивната безбедност не е загарантирана и е подобро да ја напуштат кабината, а истото ќе продолжи да се движи само.
Сепак, возачот ќе има можност да ја преземе контролата врз машината, да се врати наназад и да продолжи напред, ако оцени дека ситуацијата не е толку тешка.