Повеќе моќност и нова топ верзија за обновениот Ford Edge
Ford го подложи на сериозен фејслифтинг моделот Edge. Засега станува збор само за изведбата за Северна Америка, а потоа ќе следат доработки и на остварувањата за другите пазари
Моделот навистина претрпел доста доработки, како визуелни, така и технолошки. Базната верзија за САД веќе има 5 КС повеќе, вкупно 250 КС, кои доаѓаат од 2.0-литарскиот турбо бензински мотор. Моторот веќе работи со нов 8-степен автоматски менувач, кој користи ротационен бирач, а не класичен менувач. За прв пат Ford го користи индексот ST при SUV моделите. Ford Edge ST е управуван од 2.7-литарскиот V6 EcoBoost агрегат, кој во оваа изведба развива 335 КС. И тука претходниот 6-степен автоматски менувач му отстапува место на новиот 8-брзински автоматски механизам.
Што се однесува до дизајнот, Edge добива освежена предница со нова поголема и продолжена решетка, нова графика за фаровите и малку модифицирана задница. Ford ќе почне да прифаќа нарачки за моделот во текот на следните неколку недели. Што се однесува до европската верзија, нејзиното дотерување ќе дојде во 2019 година.