fbpx

Ford Explorer во Европа до крајот на годината

На европскиот пазар Ford ќе понуди само plug-in хибридна верзија од моделот Explorer

Потполно новиот Explorer своја премиера имаше во април оваа година во Амстердам. Овој модел од неговото лансирање па се до денес на американскиот пазар се покажа како доста продаван модел. Што се однесува до пазарот на стариот континент, првиот Ford Explorer пристигна во 1993 година, додека продажбата покажа скромни бројки.

Со оваа генерација од Ford планираат повторно да ги заведат купувачите во Европа. Овој plug-in хибриден Explorer доаѓа со бензински трилитарски Ford EcoBoost V6 турбомотор со сила од 350 КС во комбинација со електромотор со моќност од 100 КС. Ford Explorer доаѓа со десет-степен автоматски менувач и погон на четири тркала.

Внатрешноста на шестата генерација од овој преставник на Ford доаѓа со инструмент табла од 12,3 инчи, модерен систем за помош, како што е одржување во лента, помош при застој во сообраќајот, систем за препознавање на сообраќајни знаци и функции за автоматско сопирање. Од серијата на луксузна опрема тука е 10,1 инчниот екран осетлив на допир, Ford SYNC 3, приклучок за модел Ford Pass и аудио систем Bang & Olufsen, додека предните седишта освен греење ќе имаат опција и за ладење.

За off-road можностите на автомобилот достапни се седум режими на возење и тоа: Normal, Sport, Dirt Road, Slippery, Trailer, Eco и посебен режим за снег и песок. Ford Explorer би требало да стигне во Европа до крајот на 2019 година, и тоа во спортската ST-line верзија и со елегантниот пакет Platinum.

Поврзани вести

Back to top button