fbpx

Ford F-150 го доби првиот дизел во својата историја

Иако важи правилото дека дизелот не е популарен на територијата на САД, на локалниот пазар се забележува зголемување на побарувачката на автомобили со ова гориво

Ford реши веднаш да одговори на ова и го понуди првиот F- 150 со дизел мотор.

Премиерата на моделот ќе биде напролет, но од прес- службата на производителот веќе соопштија информации и дури објавија видео на дизел модификација на најпопуларниот автомобил на пазарот во САД во последните години. Пикапот доби 3.0- литарски турбодизел Power Stroke, кој станува 6- тиот мотор во моторната гама на F- 150. Моторот е V6, развива 250 КС и има вртежен момент од 600 Nm. Ford ќе се обиде да ги привлече клиентите со фактот дека оваа верзија е прилично економична 7.8 l/100 km.

Новиот турбодизелов V6 се комбинира со стандардниот за моделот 10- брзински автоматски менувач, но од Ford признаваат дека таа сеуште се прилагодува на моторот поради максималниот вртежен момент при ниски вртежи. Продажбата на дизел Ford F- 150 стартува во средината на месецот, а пикапот ќе се нуди како со заден пренос, така и со систем за погон на четири тркала во модификациите Lariat, King Ranch, Platinum SuperCrew и SuperCab.

F- 150

Поврзани вести

Back to top button