fbpx

Ford F-Series лидер за 2018

Најдобро продаваниот модел во првите четири месеци од годинава е Ford F-Series со 336.599 единици

Во Топ 10 на најбараните влегуваат Toyota Corolla, VW Golf, Honda Civic, Nissan X-Trail / Rogue, Toyota RAV4, VW Tiguan, VW Passat / Magotan, Honda HR-V и Honda CR-V. Според последните податоци на Агенцијата JATO, глобалната продажба на нови автомобили во првите четири месеци од годината се подобри за 3.4% во споредба со истиот период минатата година и достигна ниво од 28,8 милиони единици.

Ford F-Series

Од JATO, кои набљудуваат 53 пазари во светот, потенцираат дека иако речиси секој трет автомобилил е купен во Кина, САД или Европа, главните мотори на бизнисот на глобално ниво во 2018 сепак се големите нови пазари, како што се Индија, Бразил и Русија.

На крајот на првите четири месеци од годината, Кина води убедливо со 8.345.523 пласирани возила и раст од 4,4%. На второ место и со речиси три милиони автомобили помалку застанува САД (5.458.579), а на трето е Јапонија (1.878.579). Зад нив веднаш се подредуваат Индија со 1.330.684 (+11,4%), Германија 1.278.480, Велика Британија 1.004.268, Франција 896.792, Италија 801.759, Бразил 737.821 (+ 20.5%) и Канада со 627.243.

ЈАТО, исто така, посочи дека трендот на зголемување на побарувачката за спортски автомобили продолжува и годинава. На крајот на првите четири месеци од годината, пазарниот удел на овој сегмент се зголеми до 34.2%. Исто така и побарувачката на најпопуларните SUV автомобилите, е зголемена за 14,8%, или на рекордно ниво од 9.86 милиони единици. Агенцијата евидентира двоцифрени процентни зголемувања на 40 од вкупно 53 набљудувани пазари.

Поврзани вести

Back to top button