fbpx

Ford го тестира новиот караван на Focus

Четвртата генерација на популарниот Ford Focus ќе дебитира во почетокот на следната година, а малку подоцна ќе стартува и продажбата во Европа

Шпиунски кадри од тестовите на комби верзијата на новиот модел ветуваат пријатни емоции за фановите на семејни автомобили.

Од Ford веќе дадоа до знаење дека новиот модел ќе биде позициониран повисоко во однос на моделите во компактната класа. Покрај тоа, на пазарот ќе излезе топ верзијата Vignale, ќе постои и ST-Line и кросовер Active. Секако, Ford ќе ја задржи и најмоќната верзија ST, додека за следната Focus RS ќе треба да почекаме уште доста.

Добрата вест е дека ST може да ја опфати и комби верзијата на Focus, а токму таков автомобил беше снимен на Северниот лак на Нирбургринг, но дури и да не е така, идното комби на четвртата генерација на моделот ветува доста подинамични форми.

Главниот двигател на новиот Focus ќе биде 1,0-литарски 3-цилиндерски бензински мотор EcoBoost, кој ќе се нуди во три варијанти на моќност – 100, 125 и 139 КС. Што се однесува до идната верзија на овој мотор, но без турбо и со моќност едвај 85 КС, таа исто така може да се појави кај Focus, ако инженерите на Ford успеат да ја намалат тежината на моторот. Во палетата ќе влезе и 1,5-литарскиот TDCi, кој и сега е достапен со моќност 95, 105 и 120 КС, а под прашање е користењето на 2,0-литарски турбо дизел.

Поврзани вести

Back to top button