Ford и GM се откажуваат од неколку хечбека и седани
Американските производители Ford и General Motors планираат прекин на производството на неколку седани и хечбек остварувања, објави The Wall Street Journal
Според соопштението, двата гиганти ќе се фокусираат на производство на SUV и кросовери.
GM планира да го укине сериското производство на Chevrolet Sonic и седанот Chevrolet Impala, а од Синиот овал планираат тоа да го сторат со Ford Fiesta и Ford Taurus. Треба да се напомене дека не е во прашање веднаш запирање на производството на овие модели. Едноставно тоа гигантите ќе го сторат сукцесивно, односно со време не планираат развој на следните генерации на овие модели, бидејќи интересот за нив е се помал.
Во исто време, SUV сегментот станува се попопуларен и двата производители ќе се фокусираат на нив. Во образложението за ваквиот потег на американските компании стои дека продажбата на седан верзиите на пазарот во САД во 2017 година значително се намалила. Единствениот модел кој ја задржува својата позиција е Toyota Camry, која регистрирала пад од само 0,4%, додека кај сите други модели негативата е огромна.
Исто така, се потенцира дека резултатите од претходно споменатите модели на Ford и GM, кои нема да добијат следни генерации, се намалија за 20 до 30%. Меѓутоа, не е јасно што ќе се случи со Ford Fiesta, која добро функционира на пазарот во Европа и е меѓу водечките модели.