fbpx

Ford го најави EcoSport Active кој доаѓа наскоро

Ford Европа ги најави своите планови за нов EcoSport Active, за кој најави дека ќе понуди „дополнителни способности и суров стајлинг за клиентите“

Со оглед на големата популарност на Active тримот кај моделите како Fiesta и Focus, Ford потврди дека „оф-роуд“ инспирираниот EcoSport ќе биде претставен на 6 ноември. Компанијата засега ги држи деталите под тајност, но истакна дека престојниот модел ќе се карактеризира со зголемена висина, дополнителна заштита на каросеријата, како и уникатен стајлинг во ентериерот и екстериерот. Од Ford истакнуваат дека овие промени ќе му дадат на кросоверот „поголема способност за тешките патишта“, со што купувачите кои се вљубеници во авантурите можат да ја истражуваат околината.

Иако целосните детали се очекуваат следниот месец, тизер фотографијата која е објавена, открива дека кросоверот ќе биде опремен со Active беџ и пластични заштити над предните крила. Моделот исто така може да има специјални седишта, прагови со Active брендинг и уникатни тркала.

Ова не се многу детали, но потпретседателот за маркетинг и продажба на Ford Европа изјави дека „Купивачите ни велат дека тие го сакаат храбриот стајлинг на EcoSport, особено практичниот ентериер и разновидноста која се вклопува во нивните животи, па ние сме возбудени да го засилиме овој SUV со Active верзија која ќе донесе уште повеќе квалитети. EcoSport Active ќе биде нов додаток во Active серијата која ќе понуди дополнителна способност и суров стајлинг за купувачите кои сакаат да ги одведат своите авантури на следното ниво“, изјави Роелант де Вард.

Покрај најавувањето на EcoSport Active, Ford Европа ги прикажа плановите за нова „сериска стратегија“ која ќе биде претставена подоцна годинава. Како дел од промената, моделите ќе бидат достапни во три главни нивоа на опременост вклучително Active, ST-Line и Titanium. Одредени модели, како Fiesta и Focus, исто така ќе понуди и X серии и Vignale варијанти.

 

Поврзани вести

Back to top button