fbpx

Ford и Red Bull работат на електричен автомобил кој е „стратешки важен“

Извршниот директор на Ford откри дека со Red Bull заедно работат на престојното, исклучително важно електрично возило

Откако беше обелоденето дека во 2026 година ќе се означи почетокот на соработката помеѓу Ford и Red Bull Powertrains, со што ќе се роди Red Bull Ford и американскиот производител ќе се врати во Formula 1, соработката се проширува и на други полиња. Почнувајќи од оваа година, компаниите работат заедно на дизајнирање на погонска единица која ќе се придржува до новите технички прописи кои треба да стапат на сила. Агрегатот ќе се состои од електричен мотор од 350 киловати и ќе може да користи еколошки горива.

Ford ќе го даде своето техничко знаење во области како што се мотори со согорување, батериски ќелии, технологија на електрични мотори, контролен софтвер за погонската единица и аналитика за да им помогне на Red Bull Powertrains во процесот на развој.

Но, партнерството со меѓу Red Bull и Ford не завршува тука. Извршниот директор на Ford, Џим Фарли, во интервју за MotorTrend изјави дека „Синиот овал“ исто така работи на електрично возило со Светскиот шампион на конструктори во F1 за 2022 година.

На прашањето од MotorTrend за интересот на Ford за Formula 1, Фарли рече:

„Неодамна го прегледав веројатно нашиот најстратешки најважен ЕВ, и се обратив до мојот тим кој го развива ова во тајност, и прашав: „Кој ја прави аеродинамиката за возилото?“ Од тимот ми рекоа: „Тие се од Red Bull, Formula 1.’

Засега моделот останува мистерија

Се разбира, тој одговор беше отворен за толкување. „Стратешки важно ЕВ“ може да значи многу нешта – како можеби сосема нов модел, нов концепт или дури и демонстратор за изведба на ЕВ. Токму последното беше покажано од страна на Ford во инфографик што дојде со соопштението за печатот на Red Bull Ford. Се претпоставува дека станува збор за Ford F-150 Lightning со високи перформанси, со оглед на тоа што е класифициран под ЕВ и ќе доаѓа во форма на пикап.

За жал, од Ford не соопштија повеќе детали и сето ова е мистерија во овој момент. Сè што знаеме е дека чекаме да се реализираат возбудливите работи врз основа на новоформираното партнерство на Rеd Bull и Ford.

Поврзани вести

Back to top button