Ford и Vodafone тестираат нови технологии за поврзување на возилата
Ford и Vodafone тестираат нова технологија за поврзување на возилата која може да го олесни наоѓањето паркинг места во центрите на градовите
Технологијата за водење до паркинг простор на возачите го прикажува бројот на места понудени од блиските паркиралишта и како да се стигне до нив.
„Satnavs се одлични во помошта да стигнеме до нашата дестинација, но не се толку корисни кога станува збор за помогнш да се паркираме таму – особено во центрите на градовите”, вели инженерот на Ford од Европа за развој на производи, Тобиас Валериус. „Водачот за паркинг простор е технологија за поврзување возила која може да им помогне на возачите побрзо да го завршат своето патување, заштедувајќи им пари, време и придонесувајќи за севкупниот квалитет на воздухот”.
Водачот за паркинг простор, кој се ажурира во реално време врз основа на податоци од паркинзите, се тестира од страна на Ford и Vodafone во Германија, како дел од програмата KoMoD (Kooperative Mobilität im digitalen Testfeld Düsseldorf). Се работи за над 15 милиони евра индустриски проект за тестирање на нови технологии за поврзани возила и автоматско возење.
Како што тест возилата возат низ градот, тие добиваат информации за состојбата на патот и за паркинзи од централен компјутерски систем, врз основа на нивната геолокација, заедно со информации од блиските динамички дигитални сообраќајни знаци.
Дополнителните карактеристики кои ги демонстрираат Ford и Vodafone како дел од KoMoD вклучуваат:
• Систем за асистенција за светлата на семафорите, во кој преостанатото време на црвено или зелено светло се прикажува на инструмент таблата. Предвремено предупредување за црвено светло може да го намали наглото сопирање, што може да доведе до придобивки во безбедноста, горивната економичноста и протокот на сообраќај, бидејќи возачите соодветно ќе ги прилагодат брзините.
• Информативен систем за тунели кој обезбедува претходни информации за затворање на коловозна лента, ограничување на брзината и бавни возила во тунелите напред.
• Vario Display обезбедува ажурирани информации на инструмент таблата за генерални настани кои може да влијаат на локалниот сообраќај, како изложби, концерти или фудбалски натпревари.
• Системите за контрола на сообраќајот на автопатот помагаат да се подобри целокупниот проток на сообраќај преку прилагодување на ограничувањата за брзина.
• Преносот од паметните сообраќајни знаци испраќа ограничувања на брзината и информации за знаци за опасност директно до екраните во возилото. Додека препознавањето на сообраќајните знаци со помош на камери е присутно во многу возила, истото може да се соочи со лошо време или опкружување со високи возила. Пренесувањето на информации за знаците до возилото користејќи мобилна врска директно од знакот или од единица во близина на патот, осигуруваат возачите да ги видат важните безбедносни информации.
• Предупредувањето за лошите временски услови автоматски ги пренесува временските услови од едно возило до другите во близина. На пример, ако автоматските бришачи на ветробранот на возилото детектираат дожд, ќе го емитуваат ова за да ги информираат блиските возачи преку нивните екрани во возилото, во случај да сакаат да ја прилагодат брзината или рутата на движење.
• Претходно, испитувањата покажале како технологијата автоматски може да ги предупреди другите возачи за несреќи на патот пред нив, како и да им ја покаже точната локација на блиските возила за итни случаи и како најдобро да ги избегнат на патот.