Ford казнет заради употреба на името Mustang?!
Ford нема право да го користи името во Кина. Мошне интересно, правните барања против кинеските компании за копирање на светски познати брендови се вообичаени, меѓутоа, во спротивно, иако тоа не е често, се сосема поинаку?!
Судот во Ченгду, провинцијата Сечуан, му забрани на Ford да ги користи кинеските имиња за својот модел Mustang. Оваа одлука е донесена на барање на локалниот производител, Yema Auto, кој тврди дека на кинески исто така Mustang се преведува како „див коњ“, а тоа е Yema. Компанијата вели дека тие ги имаат регистрирано овие имиња и името Yema како заштитен знак уште од 1986 година.
Ford со рекламирање на „дивиот коњ“ (Мustang) придонел за морално и финансиско оштетување на компанијата.
Судот ги прифатил аргументите на кинескиот производител и му наредил на Ford не само да престане да го користи името, туку и да и плати на Yema Auto компензација за нанаесената штета во износ од 155.000 долари. Најчудно е тоа што Yema Auto, која е дел SAIG (Sichuan Automobile Industry Group), произведува кросовери и минибуси. А тие со години наназад ги копираат автомобилите од брендовите Volkswagen, Toyota, Subaru и Land Rover.