Ford ќе направи повеќе ЕВ базирани на MEB платформата на VW
Компанијата Ford планира да развие голем број на електрични автомобили кои ќе бидат базирани на докажаната MEB архитектура на Volkswagen
Двата автомобилски гиганти, Ford и Volkswagen, веќе го најавија своето инженерско партнерство, благодарение на кое „Синиот овал“ ќе развива комерцијални возила за двата бренда. Од друга страна, Ford веќе го тестира компактниот SUV модел кој ќе биде базиран на MEB платформата на германскиот производител и ќе биде лансиран во 2023 година и ќе биде поставен под Mustang Mach-E во понудата. Претседателот на Ford of Europe, Стјуарт Раули, сака соработката на двете компании да се прошири на повеќе модели.
„Имаме свој поглед на тоа и сигурни сме дека имаме одредени работи кои се договорени со Volkswagen. Нашата алијанса не е предвидена да биде ограничена или дефинирана и ние ќе бараме шанса да работиме заедно за заедничка корист каде што тоа ќе има смисла за двете компании. Јас имам поглед кон идните планови кои не се споделени, но би можело да има голем број шанси со комерцијалните возила, MEB платформата, како и некои други полиња“, изјави Раули на неодамнешниот Financial Times Future of the Car самитот.
Ford ќе продолжи да ги користи и своите платформи
Секако, Ford се уште има своја ЕВ архитектура на која е поставен Mustang Mach-E и платформа која исто така ќе биде базата за целосно електричниот F-150 Lightning. Сепак, според Раули, за Ford има смисла да го искористи поголемото присуство на Volkswagen во Европа, конкретно во сегментот на средни автомобили.
„Сегментот на средни автомобили во Европа е исклучително важен, а таму Volkswagen има многу поголемо учество од Ford, па оттаму има смисла да се користи MEB платформата. Капиталот потребен да се отиде на едно вакво патешествие е огромен, а ние не сме единствената компанија во оваа индустрија која е во потрага по алијанси. Имаме јасни погледи околу тоа, но засега, и двете страни се навистина задоволни со платформата. Но, да бидам јасен, Ford се уште има свои електрични платформи, а дел од нив ќе ги користиме и во Европа“, додаде Раули.