Ford комбинира автомобил и скутер на електрична енергија
Проблемите со паркирањето и сообраќајот во големите метрополи стануваат се по сериозни. Затоа компаниите бараат начини за нивно решавање
Американскиот производител Ford исто така работи на ова и нуди необично решение – автомобил со вграден електричен скутер.
Со ова возило ќе стигнете до паркингот, го земате електричниот скутер и одите до крајната точка. Во описот се вели дека постои можност да се одвојат двете транспортни средства, бидејќи мотциклот е фиксиран помеѓу предните и задните седишта. Скиците покажуваат дека двете машини имаат заедничка инструмент табла.
За оваа изведба веќе е доставена пријава во Американскиот завод за патенти. Дали ваквата симбиоза може да се реализира? Се чини дека е интересна, а факт е дека не сите патентни апликации потоа се претвораат во вистински уреди. Сепак, тоа е само патент, каде педалите и воланот се нудат како опции и можат да се постават во специјални фиоки и бидат покриени со декоративни елементи.