fbpx

Ford го враќа името Maverick

Синиот овал одново ги патентирал американските имиња за свите модели Timberline и Maverick

Според порталот Car and Driver тие ќе се користат за сосема нови кросовери. Неодамна Ford објави дека веќе ќе се ориентира само во производството на SUV и пикапи за американскиот пазар. Во 70-тите години на минатиот век компанијата правеше компактен модел со заден погон, наречен Maverick.

Истото име го носеше и кросоверот, кој се произведуваше од 2001 до 2005 година, чија прва генерација надвор од пазарот во САД, се викаше Escape. Сега во Синиот овал најавуваат негов наследник. Претходно се појави информација дека Американците ќе започнат преродба и на теренецот Bronco, односно тој ќе се појави во 2020 година, како што беше објавено на Детроитскиот салон, па така во план е лансирање на два нови модели во овој сегмент.

Моделот Bronco ќе биде изграден врз шасијата на пикапот Ford Ranger, а каросеријата ќе биде направена од алуминиум. Веројатно под хаубата ќе има 6-цилиндричен мотор со зафатнина од 2,7 литри и моќност од 330 КС. Исто така е можно да се произведе хибридна верзија.

Засега нема информации за моделот Maverick, но по се изгледа во Ford нема да одат предалеку во оформувањето на двете верзии.

Maverick

Во исто време американски новинари направија фотки од тестовите на обновениот теренец Ford Everest. Дотерувањето се темели на целосно нова предна маска, која сега е поделена на четири хоризонтални секции, надградени предни и задни браници, како и 18-инчни фелни.

Под хаубата на Ford Everest е монтиран дизел мотор со зафатнина од 2,2 литри, кој развива моќност од 160 КС во спрега со 10-брзински автоматски менувач. Теренецот е опремен со систем кој избира режим на движење во зависност од временските услови и патот. Режимите се четири – за песок, снег, чакал и на рамен пат.

Maverick

Поврзани вести

Back to top button