Ford Mondeo Vignale во понуда на Ми-Да Гранд моторс
Mondeo Vignale, првиот од палетата висококвалитетни производи од семејството за луксузни остварувања Ford Vignale, е во Скопје
Ова остварување импресионира со првокласна изработка, врвна префинетост и ексклузивна опрема.
Секој автомобил се завршува рачно во прецизен процес кој вклучува висококвалитетни производствени техники и 100 дополнителни проверки за квалитет. Mondeo Vignale се продава во Македонија со почетна цена од 39.900 евра. Без разлика која од двете опции ќе одберете – со 4 врати или караван, возачите на Mondeo Vignale уживаат во стил чувство и опрема на возилото. Современиот дизајн е под влијание на легендарниот италијански производител на автомобили Алфредо Вињале.
Алфредо Вињале е еден од првите производители, кој сфатил дека возилото може да се персонализира со уникатен, индивидуален дизајн. Тој го учи занаетот од мајсторот Пининфарина пред да создаде свој легендарен дизајн меѓу италијанските автомобилски производители под сопствено име. Од 1948 до 1969 година Vignale Carrozzeria, блиску до Торино, привлекува клиенти од целиот свет.
Поттикнат од ова и во чест на големиот италиански дизајнерски маг Ford создаде свое Vignale семејство. Новиот Mondeo Vignale е првиот од палетата висококвалитетни производи што пристигна во Македонија. „Нашиот став за Vignale е да создадеме модерно висококвалитетно искуство кое треба да е значаен дел од животот на клиентите”, порачуваат од Синиот Овал.
Секој Ford Mondeo Vignale бива завршен од раката на шестмина занаетчии во новиот Vignale центар во фабриката на Ford во Валенсија, во Шпанија.
Нови ласерски технологии и камери помагаат за прецизен пристап на секој детал од Vignale автомобилите – од каросеријата и прилагодување на панели во бојата. Со вистинска прецизност и внимание кон деталите, експертите поминуваат над 2 часа во рачно полирање на бојата, за да создадат идеален сјај на слоевите и внимателно, а дури и четири за рабовите на 40 ласерско отсече кожени детали за секое седиште.
Ford работел 2,5 години, за да создаде совршен дизајн на Vignale седиштата инспирирани од луксузни, рачно изработени производи од кожа. Надворешноста на новиот Ford Mondeo Vignale нуди динамичен, емоционален дизајн со кој се одразува последниот глобален јазик на Ford. Посебните детали вклучуваат: горна решетка со уникатен шестоаголен Vignale дизајн во темна металик алуминиумска рамка, сјајно дно на решетката со хромирани ребра, хромирани детали на вратите, специјални 18-инчни и опционални 19-инчни никел алуминиумски тркала и ексклузивна боја Vignale Nocciola.
Ford Mondeo Vignale нуди софистицирани технологии за возачот и опремата што придонесуваат за релаксирано и пријатно искуство. Асистентот за превенција на судири и детекција на пешаци може да ја намали силата при фронтални судири, кога се вклучени автомобили и пешаци, или помага на возачите да избегнат судири еден со друг. SYNC2, помош за паркирање, откривање на сообраќајни сигнали, активно сопирање во град и динамички LED осветлување исто така се достапни.
Достапна е и модерна Sony аудио и навигациски систем со 12 звучници. За подобрената безбедност на патниците позади се првите во индустријата гумени задни ремени кои се отвораат во случај на инцидент кој во 5 пати поголема површина во споредба со конвенционалните ремени. Ford Mondeo Vignale е опремен со моќни мотори, меѓу бензински EcoBoost, дизел TDCi агрегати и хибридниот бензински-електричен мотор на Ford со 187 КС.
Во салонот е опција со 2.0-литарскиот TDCi со 180 КС, кој комбинира автоматска Powershift трансмисија, како и со интелигентниот 4х4 систем кој обезбедува непречено прелевање на моќноста помеѓу предните и задните тркала. Mondeo Vignale обезбедува тивко, непречено и удобно патување користејќи висока технологија и модерен дизајн. Системот за активно намалување на шумот користи три микрофони стратешки лоцирани во кабината, кои ја следат бучавата од моторот во ентериерот.
Технологијата користи повратни звучни бранови насочени преку аудио системот, за да го неутрализира звукот од моторот и подобра удобноста во внатрешноста. Задното потпирање со интегрална врска нуди непречено возење, овозможувајќи поместување на тркалото назад при удари од дупки.