fbpx

Ford Mustang – Најпродаваниот спортски автомобил слави 56 роденден

Легендарниот спортски автомобил Ford Mustang, изминатите денови го прослави својот 56 роденден

Ford на 17 април 1964 година го претстави првиот Mustang, по повод прославата на 56 роденден, компанијата нагласи дека станува збор за најпродаваниот спортски автомобил на светот. Шестата генерација на Mustang пристигна во 2015 година и во моментов е достапна во 146 земји, а досега се продадени околу 633.000 примероци.

Овие бројки делуваат импресивно, така што нема сомнежи дека Mustang е мошне популарен. Најголем број автомобили, очекувано, се продадени во САД. Од вкупниот број продадени Mustang модели во изминатата година, односно 72.489 автомобили, дури 71 процент се во сопственост на купувачи од САД.

Меѓутоа, тоа не значи дека популарноста на Mustang не расте и во другите региони. Ford тврди дека во Германија во 2019 година е зголемена продажбата на Mustang за 33 проценти, а во Полска и Франција за околу 50 проценти. Вкупно, Европјаните купиле 9.500 примероци на Mustang минатата година, што значи зголемување за 3 проценти. Од друга страна, продажбата на Mustang во САД забележа благ пад минатата година, односно за 4,4 проценти.

Ford подготвува нов специјален модел на Mustang

Ford речиси сигурно ќе забележи пад на продажбата оваа година, како и сите останати производители, а причина е пандемијата на коронавирусот која ги затвори сите производители ширум светот. Производството во погоните на Ford во Европа е запрено најмалку до 4 мај. Mustang се произведува во погонот Флет Рок во Мичиген, а засега нема информации кога производството ќе биде продолжено. Мичиген во моментов е црвена зона кога станува збор за коронавирусот.

Сепак, има и позитивни вести бидејќи е забележан прототип на Mustang со камуфлажа и тоа е веројатно моделот Mach 1 кој би можел да го замени Bullitt во улогата на нов специјален модел во понудата. Mach 1 последен пат се појави во 2004 година, а се напојуваше со атмосферска верзија на 4,6-литарскиот DOHC V8 мотор со суперполнач. Новиот Mach 1 веројатно нема да го дели моторот со возилата на Shelby со Cobra значка, туку најверојатно ќе го користи 5,0-литарскиот V8 Coyotе мотор чија моќност засега не е позната.

Поврзани вести

Back to top button