Ford Mustang најпродаванo спортско купе во светот – трета година по ред
Ford објави дека во 2017-та, трета година по ред, легендата Mustang била најпродаванo спортско купе на глобално ниво
Според податоците на IHS Markit, повеќе од една третина од реализираните претставници на моделoт – биле купени на пазарите надвор од САД.
– Светот едноставно сака Ford Mustang, коментира Ерих Меркле, продажен аналитичар на Ford. -Со години, за жал, Mustang не беше достапен за сите клиенти во поголемиот дел од планетата. Можеше да биде виден само на ТВ (клип, спот и сл.) или на интернет, а сега тој се движи по улиците од Пекинг, преку Москва, Париз, Лисабон… до Сао Паоло.
Од Ford велат дека од речиси 126.000 продадени примероци на Mustang минатата година, 81.866 биле реализирани на територијата на Соединетите Американски Држави, а другите на пазарите во над 120 земји ширум светот. Од брендот евидентирале невиден интерес кон моделот на територијата на Кина, каде што возилото било најбараното спортско купе за минатата година со 7.125 регистрации.
Најпопуларната продажна конфигурација на Ford Mustang за минатата година била верзијата Mustang GT со нејзиниот 5.0 литарски V8 мотор, а вкупната продажба на моделот од промоцијата на глобалниот пазар во 2015 година веќе е на ниво од над 418.000 единици. Паралелно со објавувањето на продажбата резултати на Mustang од минатата година, од Ford објавија дека моделот ќе се вклучи во шампионатот NASCAR Monster Energy Cup Series, а неговото прво учество ќе биде во февруари следната година на Daytona 500.