fbpx

Ford Mustang e најпродаваното спортско купе четврта година по ред

Паралелно со одбележувањето на својата 55-годишнина, Ford Mustang забележа уште еден успех во својата легендарна историја

Од Ford соопштија дека врз основа на податоците на IHS Markit, во изминатата календарска година, Mustang има пазарен резултат од 113.066 реализирани единици. Оваа бројка доведува до тоа да автомобилот биде четврта година по ред на врвот на глобално ниво. Во првата четвртина на 2019, Ford забележа раст од 27% во побарувачката на Mustang во Европа, а вкупниот резултат за периодот е на ниво од 2.300 примероци.

„Кога Ford го лансираше Mustang пред 55 години, ги помести границите“, коментира Џим Фарли, претседател на брендот. „Нема ништо подобро од неговата бука од V8 моторот во пролетен ден. Ништо чудно што тој е најпопуларното спортско купе во светот“.

Од промоцијата на шестата генерација на Mustang во 2015 година, до сега продажбата му е над 500.000 единици, или повеќе од 45.000 од нив се реализирани на територијата на Европа.

Поврзани вести

Back to top button