Mustang ќе се појави во ново електрично издание?
Легендарниот Mustang во eлектирчно издание како дел од замислата за идните возила на Ford
Со помош на актерската ѕвезда Брајан Кранстон, Ford го објави новиот ТВ спот и ни ја претстави својата визија поврзана со иднината на Ford возилата. Мешавина од разни графички ефекти, ретро сцени, возење на најстарата како и најновата генерација на Mustang, па и други Ford возила, претставуваат само дел од ова фантастично видео.
Она што најмногу го привлече вниманието кај публиката е краткиот приказ што впрочем претсавува рендер од тоа што би можело да биде идната електрична верзија на новиот кросовер базиран на легендарниот Mustang. Доказ за ова е и изостанокот на решетката во предниот дел на овој модел, што дефинитивно укажува на тоа дека станува збор за електрично или пак хибридно возило.
Компанијата веќе годинава го навести овој модел под името Mach 1, за кое јавноста не изрази големо задоволство. Од Ford изјавија дека се возбудени да ни покажат повеќе во иднината, но ова засега е само краток увид во тоа што следи.
“Додека другите сонуваат за иднината, ние сме тие што ја градиме” изјави Брајан како дел од таканаречениот Future Talk.
https://www.youtube.com/watch?v=HVlfclOpsK8