Ford најавува нова поделба за автономни возила
Aвтомобилскиот гигант Ford го најави создавањето на Ford Autonomous Vehicles LLC, која ќе го преземе развојот во компанијата на системите за автономно управување и ќе ја забрза нивната интеграција во сериското производство
Ford Autonomous Vehicles LLC ќе одговара за интегрирање на системите за автономно управување на FORD, развој и хај-инженерска дејност, технологија за поврзување меѓу возилата, нови бизнис стратегии, студии за корисничко чувство и друго. Од фирмата на Синиот овал коментираат дека очекуваат до 2023 година да инвестираат четири милијарди американски долари во решенијата за автономно управување, вклучувајќи една милијарда во Argo AI.
-Ford имаше огромен успех на целиот серијал на одлуки за автономно управување од развојот на технологии до иновации при бизнис моделите и корисничко искуство, коментира Џим Хакет, претседател и извршен директор на Ford Motor. -Сега е вистински момент да ја обединиме нашата платформа за автономно управување во еден тим за подобро позиционирање на бизнисот за претстојните можности.