fbpx

Ford го обнови Mondeo

Американската компанија Ford понуди обновена верзија на моделот Fusion седан, познат во Европа како Mondeo

Јавната презентација на моделот ќе се одржи на 28 март на Салонот за автомобили во Њујорк, а почетокот на продажбата ќе биде ова лето. Реновираниот автомобил доби нова решетка на ладилникот, модернизирани LED фарови и нова хауба. Уште во основната модификација Ford Fusion се нуди со системи за нагло сопирање, контрола на мртов агол, препознавање на пешаци и асист-состав за одржување на возилото во лентата на движење.

Како опција ќе биде понудена адаптивен круз- контрол. Покрај тоа, седанот ќе биде опремен со надграден хибриден систем. Тој веќе обезбедува 20% поголема моќност отколку моменталниот модел, или автономија од 40 километри само на струја. Капацитетот на моторот останува ист.

Mondeo

Поврзани вести

Back to top button