Ford го обнови Mondeo за 2019 година
Светската премиера на обновениот Ford Mondeo се одржа на меѓународната изложба во Брисел. Со голем број нови надворешни и внатрешни стилски решенија и технолошки иновации, автомобилот за прв пат дебитираше во хибридна верзија.
Обновената верзија за 2019 година доаѓа и со бројни тенхололошки новости, вклучувајќи го и воведувањето на модерниот дволитарски EcoBlue дизелски агрегат, нова интелигентна осумстепена автоматска менувачка кутија која се прилагодува на стилот на управување на возачот, адаптивен круз-контрол со Stop & Go функција за автоматско сопирање и стартување, интелигентен ограничувач на брзината и многу повеќе.
Слично на веќе познатите Mondeo Hybrid верзии, неговата комби верзија доаѓа со хибриден погонски систем составен од двулитарски бензински мотор, електромотор и литиум-јонска батерија, со вкупна максимална моќност од 187 коњски сили. Од Ford велат дека системот за регенерација при сопирање е во можност да генерира 90% од енергијата за надополнување на батеријата и дека просечната потрошувачка на гориво е околу 4.4 литри на 100 километри.
За дополнителна оптимизација на движењето, возачите можат да се потпрат на системот SmartGauge кој овозможува следење на потрошувачката на енергија, како и сугестии во однос на употребата на сопирачката за зголемување на ефикасноста на системот за регенерација енергијата.
Од Ford исто така споделија дека моделот нуди товарен капацитет од 403 литри, а по преклопувањето до хоризонтална положба на задните седишта товарениот волумен се зголемува до импресивни 1508 литри.
Кај обновениот Mondeo, новиот дволитарски EcoBlue дизел мотор се нуди со три верзии на моќ- 120, 150 и 190 коњски сили, а во зависност од побарувачката, идните сопственици на возилото може да се потпрат на просечна потрошувачка на гориво од 4.5 до 4.9 литри на 100 километри.