fbpx

Ford го покажа најтехнолошки подготвениот Focus

Ford ја претстави четвртата генерација на моделот Focus на специјален настан во Германија

Производителот го дефинираше новиот автомобил како „најтехнолошки подготвен модел во изминатите 20 години”.

Во основата на хечбек и вагон изведбата е сосема новата модуларна платформа C2, која беше развиена од европските инженери на компанијата. Благодарение на употребата на челик со висока цврстина и дополнителни алуминиумски елементи во конструкцијата, автомобилот е 88 килограми полесен од претходната генерација.

Focus

Должината на новиот Focus е 4.378 mm, што е 18 mm подолго од неговиот претходник. Растојанието помеѓу двете оски е зголемено за 53 mm – до 2.701 mm, со што се отвора дополнителен простор за нозете на патниците на задната клупа. Компанијата забележува дека моделот го има најдобриот коефициент на отпор на воздух во сегментот – 0.250.

Топ-верзиите ќе се нудат со независна задна суспензија, а во листата на дополнителни асист-состави влегува адаптивен круз-контрол со можност за целосно сопирање и автоматско тргнување, систем за контрола на лентата на движење и препознавање на сообраќајните знаци, а исто така и надградени индивидуализирани фарови.

Focus

Опремата исто така вклучува и екран за проекција, напредна полуавтоматска функција за паркирање, систем за слепи зони, камера за рикверц и пешачки предел. Адаптивната суспензија во новиот Focus е опција. Со доплата се нудат уште модернизиран мултимедијален комплекс SYNC 3 со подршка на Apple CarPlay и Android Auto, а исто така и Wi-Fi, со можност за вклучување на 10 мобилни уреди кои работат на растојание до 15 метри.

Focus

Моторната гама вклучува 1.0-литарски 3-цилиндерски бензински мотор од семејството EcoBoost, достапен во три верзии – 85, 100 и 125 КС, а постојат и два 1.5-литарски турбо кои развиваат 150 и 185 КС. Во помоќните од нив, еден од цилиндрите може да се деактивира за 14 милисекунди. Дизелите се 1.5-литарски EcoBlue, кои развиваат 95 и 120 КС, а 2.0 е со челични клипови, со150 КС и 370 Nm. Моторите се комбинираат со 6-брзински мануелен менувач или автоматски со 8 степени на пренос.

Focus

Новиот Ford Focus ќе биде достапен како хечбек, седан и караван. Следната година, Ford ќе ја лансира луксузната верзија на Vignale, а кратко време потоа ќе излезе и ST остварувањето. На крај ќе ја видиме модифицираната Active верзија со зголемен клиренс – 30 mm.

Сериско производство на хечбекoт и караванот ќе се одвива во фабриката во Зарлуи (Германија), почнувајки од јуни. Верзијата за Северна Америка ќе биде составувана во фабриката Changan во Кина.

Поврзани вести

Back to top button