fbpx

Ford постигна договор со Volvo околу CO2 регулативите во ЕУ

Ford ќе откупи кредити за CO2 од Volvo со цел да избегне жестоки казни од Европската унија поради тоа што не успеа да ги пресретне новите регулативи за емисија на гасови

Volvo Cars и Polestar кои се дел од Volvo Car Group, ќе продадат CO2 кредити на Ford, благодарение на „пулинг“ системот имплементиран од Европската Комисија. Шведскиот производител во неколку наврати истакна дека имаат преостанати CO2 кредити кои можат да ги продадат на останатите производители кои имаат проблеми да ги пресретнат стриктните правила на ЕУ за емисија на штетни гасови.

Од Volvo истакнаа дека износот од договорот со Ford ќе бидат реинвестирани во „нови зелени технолошки проекти“.

Претходно во октомври, Ford Europe истакна дека откупат CO2 кредити од ривалските производители со цел да ги пресретнат ЕУ регулативите. Производителот истакна дека биле на прагот да ги пресретнат потребните CO2 таргети за оваа година, но пандемијата на коронавирусот си го направи своето, проблем со кој се соочија голем број производители.

Ford Volvo

„Ford секогаш ги исполнувал и ќе ги исполнува таргетите на ЕУ за емисија на гасови. Базирано на нашата производствена мапа и производствениот календар за годинава, ние очекувавме да се вклопиме со новите регулативи и покрај проблемите во производството предизвикани од Covid-19. Сепак, проблемите со Kuga PHEV влијаеја на нашите планови да ги пресретнеме регулативите на ЕУ“, изјавија од Ford Europe.

Ford ќе продава CO2 кредити за комерцијални возила

Како што се наближува крајот на годината, се повеќе производители признаваат дека нема да можат да ги исполнат целите во врска со флотната емисија на CO2 во Европа. Иако иницијално се веруваше дека Европската Комисија ќе има разбирање оваа година поради пандемијата на коронавирусот која ги погоди производителите, очигледно е дека во Брисел немаат многу милост.

Европската унија им овозможува на производителите да ги исполнат регулативите за CO2 со откуп на кредити од ривалски компании со цел да избегнат жестоки казни. Така, Volkswagen неодамна потпиша договор со MG, поради одложувањето во нивниот календар за лансирање на електрични возила предизвикано од пандемијата, додека FCA купува кредити од Tesla. Renault исто така истакна дека е отворен за партнерство со оглед на тоа дека се далеку под своите CO2 таргети за 2020 и имаат „вишок на кредити за продавање“.

Интересно, и самиот Ford Europe има намера да понуди свои кредити за CO2 кога станува збор за комерцијалните возила, бидејќи се далеку под потребниот CO2 таргет за 2020 година, а Volkswagen ќе биде првиот кој ќе откупи кредити од „Синиот овал“ благодарение на партнерството кое го склучија двете компании.

 

Поврзани вести

Back to top button