fbpx

Ford со тизер ја најави премиерата на новиот Ranger

Новата генерација на Ranger ќе дебитира кон крајот на овој месец, а по тој повод Ford објави и нови тизер фотографии и видео

Ford се подготвува за премиерата на новата генерација на Ranger која ќе се одржи на 24 ноември. По тој повод, производителот објави нови тизери, а откри и дека новата итерација на пикап моделот е темелно тестирана во различни оф-роуд услови и на јавни патишта и вели дека станува збор за „најразновидниот и најспособниот Ranger досега“.

Новиот тизер е фокусиран на предните LED фарови прикажувајќи го затемнетиот Ranger како совладува воден терен. Ford исто така објави и видео од дизајнерскиот процес, вклучително и цртежи, 3D скици и модел направен од глина.

Новата генерација на Ranger е дизајнирана од страна на Ford Australia но ќе биде глобален производ и ќе се продава на повеќе од 180 пазари ширум светот. За време на развојот, дизајнерите интервјуирале повеќе од 5.000 лица и набљудувале стотици сопственици на пикап модели со цел да дознаат што им е најважно на нив кога станува збор за ваквиот тип на автомобили.

„Како дизајнери, ние соработуваме со клиентите многу порано во целиот процес, поминуваме повеќе време со нив и добиваме повеќе информации од било кога претходно. Интересно, откривме дека без разлика на пазарот, нашите клиенти се луѓе кои ја завршуваат својата работа. Тие сакаат да ги решаваат своите проблеми и чувствуваат самодоверба кога се во својот пикап камионет, не само поради функциите на возилото, туку и како се чувствуваат додека го возат“, вели Макс Трен, главниот дизајнер на Ranger.

Ford се подготвува за премиерата на новата генерација на Ranger која ќе се одржи на 24 ноември. По тој повод, производителот објави нов тизер, а откри и дека новата итерација на пикап моделот е темелно тестирана во различни оф-роуд услови и на јавни патишта и вели дека станува збор за „најразновидниот и најспособниот Ranger досега“. Новиот тизер е фокусиран на предните LED фарови прикажувајќи го затемнетиот Ranger како совладува воден терен. Ford исто така објави и видео од дизајнерскиот процес, вклучително и цртежи, 3D скици и модел направен од глина. Новата генерација на Ranger е дизајнирана од страна на Ford Australia но ќе биде глобален производ и ќе се продава на повеќе од 180 пазари ширум светот. За време на развојот, дизајнерите интервјуирале повеќе од 5.000 лица и набљудувале стотици сопственици на пикап модели со цел да дознаат што им е најважно на нив кога станува збор за ваквиот тип на автомобили. „Како дизајнери, ние соработуваме со клиентите многу порано во целиот процес, поминуваме повеќе време со нив и добиваме повеќе информации од било кога претходно. Интересно, откривме дека без разлика на пазарот, нашите клиенти се луѓе кои ја завршуваат својата работа. Тие сакаат да ги решаваат своите проблеми и чувствуваат самодоверба кога се во својот пикап камионет, не само поради функциите на возилото, туку и како се чувствуваат додека го возат“, вели Макс Трен, главниот дизајнер на Ranger. Новиот Ranger би требало да биде поставен на унапредена верзија на T6 архитектурата, слична на онаа која се користи кај Bronco, а ќе биде споделена и со новиот Volkswagen Amarok. Се очекува да добие 2,3-литарски EcoBoost четирицилиндричен мотор, 2,7-литарски EcoBoost V6 и веројатно 3,0-литарски EcoBoost V6 за Ranger Raptor верзијата. Исто така, за првпат ќе добие и plug-in хибридна варијанта, додека на некои пазари ќе се појави и 2,0-литарскиот EcoBlue битурбо четирицилиндричен дизел. Во внатрешноста се очекува да се најде 15,5-инчен екран на допир од инфозабавниот систем со SYNC 4. Зад управувачот би требало да се најде 12-инчен дигитален инструмент кластер.

За првпат и plug-in хибридна верзија

Новиот Ranger би требало да биде поставен на унапредена верзија на T6 архитектурата, слична на онаа која се користи кај Bronco, а ќе биде споделена и со новиот Volkswagen Amarok. Се очекува да добие 2,3-литарски EcoBoost четирицилиндричен мотор, 2,7-литарски EcoBoost V6 и веројатно 3,0-литарски EcoBoost V6 за Ranger Raptor верзијата. Исто така, за првпат ќе добие и plug-in хибридна варијанта, додека на некои пазари ќе се појави и 2,0-литарскиот EcoBlue битурбо четирицилиндричен дизел.

Во внатрешноста се очекува да се најде 15,5-инчен екран на допир од инфозабавниот систем со SYNC 4. Зад управувачот би требало да се најде 12-инчен дигитален инструмент кластер.

Поврзани вести

Back to top button