fbpx

Ford Transit Custom Nugget за љубителите на кампувањето

Ford го претстави новиот Transit Custom Nugget кампер кој пристигнува со поефикасен погон и попрактична изведба

Ford на годинешниот Caravan Salon во Дизелдорф, Германија го претстави новиот Transit Custom Nugget. Камперот го заменува претходниот модел претставен на почетокот на 2019 година со префрлање на новиот Transit Custom претставен пред една година. „Синиот овал“ работеше со Westfalia за конверзија на возилото во кампер и ги има сите вообичаени погодности што би ги очекувале од еден мал дом на тркала. Тоа вклучува кујна во облик на L, фрижидер со фиока и мијалник.

Новиот Transit Custom Nugget е опремен со навален покрив од платно што се преклопува за полесно да се спушта покривот. Со доплата, Ford може да го опреми камперот со соларен покрив за да ја искористи сончевата енергија за напојување на внатрешните елементи. Меѓу останатите интерески карактеристики се ролетните за затемнување, како и вградени места за складирање за масите и столовите што се користат надвор.

Камперот доволно е простран за пар двокреветни кревети и доаѓа со ротирачки столчиња за возачот и совозачот. Во задниот дел има клупа со три седишта со опционално греење, USB-C порти и аудио звучници. Како стандарден дел од опремата, Ford инсталираше туш поставен на задната страна, а заинтересираните можат да доплатат за шатор кој се закачува на задната врата.

Пред возачот се наоѓа 13-инчен екран наменет за инфозабавата која работи на SYNC4 и доаѓа со безжичен Android Auto и Apple CarPlay. Во „дневната област“ има и посебен екран на допир од седум инчи за управување со греењето, нивото на водата, нивото на батеријата и осветлувањето. Ова може да го правите и од далечина со користење на апликација на вашиот паметен телефон поврзана преку Bluetooth со возилото. Ford исто така вметна и безжично полнење и стандарден 5G модем.

Погонски опции

Одликувајќи се со целосно нова шасија која ветува дека ќе испорача автомобилско искуство, 2024 Transit Custom во Nugget изведба има независна задна суспензија и може да се нарача со погон на сите тркала. За прв пат може да се добие со plug-in хибриден погон кој е позајмен од Kuga PHEV. Користи атмосферски 2,5-литарски бензински мотор и електричен мотор за да испорача комбинирана моќност од 230 KС.

Пакетот батерии има употреблив капацитет од 11,8 kWh, обезбедувајќи доволно енергија за електричен опсег од приближно 32 километри. Ford ќе го продава камперот со осумстепен автоматски менувач, како и со дизел мотор со 170 КС.

Во продажба најпрво ќе се појави дизел верзијата, а клиентите ќе можат да нарачаат овој месец додека испораките во почнуваат на пролет 2024 година. PHEV и другите погонски единици ќе пристигнат во следните 12 месеци. Цените во Германија започнуваат од 76.500 евра.

Поврзани вести

Back to top button