fbpx

Ford вети уште поголеми промени

Откако објави дека ќе престане со производство на речиси сите свои модели надвор од SUV и кросовер сегментот за Северна Америка, Ford објави дека планира уште сериозни промени во својата стратегија

Најверојатно, тоа е за европскиот пазар, кој е далеку помалку профитабилен од американскиот. Можно е да се прекинат некои од актуелните претставници на моделите на Синиот овал и на Стариот континент. Буџетските намалувања и смени, исто така, се очекуваат и во Јужна Америка, каде што пазарот има многу различни карактеристики во однос на оние во Северна Америка и Европа.

Минатата година, Ford продаде 1,56 милиони возила во Европа, Турција и Русија, а тоа претставува раст од 4,1 проценти во однос на 2016 година.

Во Ford и покрај евидентниот раст сепак не се задоволни од оствареното, а се смета дека една од причините за намалени профити на брендот е поевтинувањето на фунтата, како и скапото лансирање на новиот Ford Fiesta.

Ford

Поврзани вести

Back to top button