Ford влегува во електричната ера со Mustang Mach-E
По многубројните тизер, Ford конечно го претстави долгоочекуваниот кросовер, базиран на легендарното купе
Покрај очигледниот стил инспириран од спортското купе, Mach-E претставува прилично стилски кросовер со агресивен преден дел, целосно затворена решетка, опкружена со тенки LED единици за осветлување и спортски браник. Движејќи се кон задниот дел, кросоверот се карактеризира со кровна линија која потсеќа на купе модел и нежно заоблени површини. Задниот крај се одликува со светлосни уреди инспирирани од Mustang, црн спојлер поставен на задната врата, како и црн долен браник.
Надворешноста речиси во целост може да каже дека е инспирирана од Mustang, сепак ентериерот повеќе наликува на оној каj Explorer. Пред самиот возач поставен е мултифункционален управувач со логото на Mustang, 10,2-инчен дигитален инструмент панел, додека пак десно од него се наоѓа 15,5-инчен инфозабавен систем со екран на допир. Внатрешноста исто така се карактеризира и со материјали со повисок квалитет и подобрен дизајн. На листата на дополнителни опции ќе бидат вклучени Bang & Olufsen аудио систем со 10 звучници, панорамски стаклен покрив, амбиентално осветлување, загреан волан и загреани предни седишта.
Зборувајќи за практичноста, новиот Mustang Mach-E доаѓа со 821 литри багажен капацитет, кој може да се прошири до 1.688 литри со преклопување на задните седишта. Моделот исто така располага и со багажен простор во предниот дел, кој доаѓа со капацитет за скалдирање од 136 литри.
Достапни ќе бидат пет различни варијанти, со погон на задните или на сите четири тркала, во однос на кои варира моќноста, која е во границите од 255 КС кај основниот, до 459 КС кај Mach-E GT, а вртежниот момент се движи од 414 Nm до 830 Nm. Во зависност од избраниот модел и погонот, возниот опсег е во границите од 378 до 483 километри.
Ford веќе започна со нарачки на новиот Mustang Mach-E, а првите возила ќе бидат достапни до крајот на следната година.